Уште еден случај на полициска бруталност снимен со камера (ВИДЕО)
Овој случај, како што тврдат луѓето што го споделуваат на социјалните мрежи, е во Скопје.
Уште едно видео со полициска бруталност кружи на социјалните мрежи. По она на кое се гледаше како полицајците тепаат битолчанец, вечерва слично полициско тепање се гледа и во видеото направено, како што тврдат луѓето што го споделуваат, на улица во Скопје.
На видеото се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе.