Уште еден италијански клуб „загриза“ за Барди, Милан има конкуренција
Барди се наоѓа на подготовки со Леванте, но тој наскоро би можел да им се приклучи на Елмас, на Пандев и на Несторовски, кои веќе се дел од екипи на Серија А.
Откако се појави информацијата дека италијански Милан сака да го донесе нашиот Енис Барди во своите редови, сега и Торино влегува во трката за потписот на македонскиот репрезентативец.
Барди се наоѓа на подготовки со Леванте, но тој наскоро би можел да им се приклучи на Елмас, на Пандев и на Несторовски, кои веќе се дел од екипи на Серија А.
Барди е проценет на 15 милиони евра, а договорот со Леванте му завршува во 2022 година. Од друга страна, пак, тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека по секоја цена сака да го види Македонецот во своите редови како замена за Турчинот Хакан Чалханоглу, кој летово потпиша за лутиот ривал Интер.