УШТЕ ЌЕ БРАНУВА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН Комората ја оспори пред Уставен, а ССМ излезе со пресметки за неплатени работни часови

Според комората, измените на Законот за работни односи со кои се регулира недела како неработен ден се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. ССМ со став дека Уставот го гарантира правото на неделен одмор.

807

Недела неработн ден ги спротивстави ставовите на биснисмените и синдикатите. Стопанската комора тврди дека неуствни се измените на законите со кои се утврди недела да биде неработен ден, а синдикатите тврдт дека Уставот им ги гарантира правата на работниците тие да имаат неделен одмор.

Стопанската комора поднесе две иницијативи до Уставниот суд за оспорување на измените на Законот за работни односи и Законот за трговија со кои се регулира недела-неработен ден.






Според комората, измените на Законот за работни односи со кои се регулира недела како неработен ден се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Комората, исто така, смета дека се повредува слободата на пазарот и претприемништвото, владеењето на правото  и начелото на еднаквост од Уставот со измените на Законот за тгровија  со кои трговија на мало не може да се врши во недела и на празници, освен во молови, на бензински пумпи, специјализирани продавници во туристички места, на манифестации-настани, зелени пазари и ако сопственикот сам си работи во дуќанот.

Од  ССМ чие претседателство денеска одржа вонредна седнива велат дека  колку и да не им се допаѓа на газдите недела е неработен ден.

– Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите“ да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат. ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори” – велат од ССМ.

Оттаму потсетуваат дека се донесени измени на законот за работни односи и на законот за трговија кои се во согласност со уставното право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат.

– Милиони денари на работниците ( кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа) завршувале во џебовите на „газдите“ се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд. Пример само за 8 отсто од работниците  кои согласно Законот за работните односи и Законот за теговија би работеле во денот недела согласно податоците на ДЗС –АРС за Третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796 671 лица , 63 734 лица  се вработени. Доколку сите 63.734 работници, односно 8 отсто, работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15 194 денари ќе им изнесува 1.140 денaри (760 + 50 отсто), ќе треба да им исплатат вкупно 72.656. 760 денари на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, работодавачите треба да им исплатат 290.627.040 денари на работниците. Доколку работниците примаат просечна плата од 29.145 денари дневницата изнесува 2.186 ден. (1.457 +50%) треба да им се исплати 139.322.524 денари, односно ако ги работат сите четири недели во месецот треба да им се исплати 557.290.096 денари. Во пресметките не се вклучени придонесите кои треба да се уплатат на државата. Прашуваме, како ако досега овие средства останувале во џебот на овие исти „газди“ кои поведуваат иницијатива поради тоа што работниците им работеа во недела без додаток на плата, тие се на работ на егзистенцијата, а не е работникот – велат од ССМ.

Синдикатите потенцираат дека излезот од оваа ситуација ќе биде излегување на работниците со синдикатите на  улица и блокирање преку штрајкови и протести, а доколку работодавачите, како што велат,  не ја сфатат пораката и останат на ваквите неразумни ставови ќе мораат да се обратат на друга адреса за работници бидејќи куферите на работниците им се спакувани.

-Ваквиот однос на работодавачите кои сметаат дека имаат робови, а не работници претставува карта во еден правец надвор од Државата, па тогаш овие „големи газди“ сами со своите семејства ќе си работат во нивните бизниси поради тоа што без работници нема трговија, нема здравство, нема индустрија, без работници ништо нема да работи – велат од ССМ.

Законските измени за недела неработен ден стапија во сила на 1 јануари годинава, откако претходно пратениците во Собранието ги изгласаа законските измени на 20 декември 2021.

Поврзани содржини