УШТЕ 722 НОВOЗАРАЗЕНИ, 26 ПОЧИНАТИ Корона-бројките високи, Скопје со 302 случаи

Ако се земе дека новите 722 случаи се регистрирани од 5.865 тестирања, тоа значи дека 12,31 отсто од тестираните граѓани биле позитивни на коронавирусот. Од 26-те починати лица, шестмина починале во Скопје, петмина од Тетово, три починати лица во Куманово и во Гостивар, две лица во Кичево и двајца во Струга и по едно лице починато во Крива Паланка, Струмица, Штип, Охрид и Прилеп.

1,031

Не попуштаат бројките на случаите со новозаразени граѓани со корона во Македонија. Денеска биле регистрирани 722 нови случаи и огромен број на починат – 26 лица во едно деноноќие. Најмногу од случаите се во Скопје (302), Тетово (51) и Куманово (46), а во Гостивар има 39 новозаболени лица, соопштија од Министерството за здравство.

Ако се земе дека новите 722 случаи се регистрирани од 5.865 тестирања, тоа значи дека 12,31 отсто од тестираните граѓани биле позитивни на коронавирусот. Добрата вест, оздравени се 574 пациенти.






Од 26-те починати лица, шестмина починале во Скопје, петмина од Тетово, три починати лица во Куманово и во Гостивар, две лица во Кичево и двајца во Струга и по едно лице починато во Крива Паланка, Струмица, Штип, Охрид и Прилеп.

Само шест граѓани од 26-мината починале дома, наместо во болнички услови.

Во продолжение, еве ја листата на новозаболени по градови:

Скопје – 302

Тетово – 51

Куманово – 46

Струмица – 42

Гостивар – 39

Охрид – 24

Велес,Кичево и Штип – по 21

Кавадарци – 19

Битола ,Свети Николе и Струга – по 18

Прилеп – 16

Кочани – 13

Дебар – 7

Делчево и Радовиш – по 6

Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4

Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3

Богданци,Валандово и Виница – по 2

Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1

Поврзани содржини