Уште 29 скопјани не го почитувале полицискиот час

За секого од обвинетите, Обвинителството предложи парична казна во износ од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

190

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 29 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети, во одделни кривично-правни настани, го прекршиле полицискиот час на територијата на Скопје и не се придржувале до донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

 

За секого од обвинетите, Обвинителството предложи парична казна во износ од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани содржини