Уште 100 милиони евра за бизнисите обезбедени преку Европската инвестициска банка

Со претходните кредитни линии од ЕИБ  кои изнесуваа 450.000.000 евра  се поддржани над 2.090 проекти. Од вкупната сума, 75 отсто се за инвестиции и се отворени над 8.000 работни места.

285

Нови 100 милиони евра добри земјава од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за поддршка на петпријатијата. Денеска беше потпишан договор за нивно преземање.

– Ова е значајна ликвидносна поддршка за заздравувањето од ковидпандмеијата. За нашата економија овие средства значат нови вработувања, нови инвестиции, а со тоа и придвижување на економската активност – изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по потпишување на договорот.






Парите ќе се пласираат по поволни услови и ќе им бидат достапни на претпријатијата преку деловните банки.

Со претходните кредитни линии од ЕИБ  кои изнесуваа 450.000.000 евра  се поддржани над 2.090 проекти. Од вкупната сума, 75 отсто се за инвестиции и се отворени над 8.000 работни места.

Поврзани содржини