Уште 1.100 лица ќе бидат опфатени со новиот Закон за стечајците

На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос, рече министерката за труд Шахпаска.

385

Со новиот предлог-закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата ќе бидат опфатени  дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето-плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање, информираа на прес-конференција премиерот Зоран заев и министерката за труд Јагода Шахпаска.

– Владата во двата мандати, односно за 4 години, со неселективен пристап и еднакви права за сите, успеа материјално да обезбеди 11.420 стечајци. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање – рече Заев.






Министерката Шахпаска, подвлече дека Предлог законот е подготвен во директната комуникација со граѓаните, како и од анализата на досега поднесените барања според кои дојдовме до сознанија дека на некои им недостигале само неколку месеци за да го исполнат условот од 15 години работен однос во претпријатието со доминантна сопственост на државата, поради што не можеле да го остварат ова право.

– На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос. Правото на паричен надоместок во висина од 9.242 денари, невработените лица, односно стечајците ќе го остваруваат се до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување – извести Шахпаска.

 

Поврзани содржини