УРМИТЕ СЕ ЗДРАВИ, САМО НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ! Содржат голема количина јаглехидрати и шеќер, немаат холестерол

Иако содржат голема количина јаглени хидрати и шеќер, урмите содржат и посебни киселини кои во голема мера го олеснуваат варењето на јаглехидратите и го контролираат нивото на шеќер во крвта. Сепак, не претерувајте со количината. Најоптимално е да се јадат по 4-5 секој ден

508

Урмите содржат витамини Ц, К, Е, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, бакар, железо, калиум, магнезиум, фосфор, цинк, калциум, селен, флуор, силициум, хром, бор, сулфур. Од нив со високи концентрации се издвојуваат калиумот, калциумот, силициумот и магнезиумот.

Меѓу сите овошја, урмите содржат најголема количина на јаглени хидрати: има 69 грама јаглени хидрати на 100 грама од производот. Во урмите има и многу шеќер, околу 60-65 проценти. Во свежото овошје има малку помалку шеќер, затоа што има повеќе вода.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини