Уредбата на Владата за изборите според Мицкоски е нелeгитимна

Тој додаде дека при првото прогласување на вонредната состојба во земјава опозицијата не била против затоа што се наметнала потреба од одложување на изборите, поради ситуацијата со коронавирусот.

493

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изборниот датум, рече дека е за компромис, но дека не прифаќа ултиматуми. Тој додаде дека и уредбата на Владата за изборите е нелегитимна, поради тоа што Чулев не гласал за неа.

– Не е легитимна уредбата на Владата, врз основа на која СДСМ тврди дека треба да се одржат избори на 21 јуни, доколку не биде продолжена вонредната состојба, која завршува на 30 мај. Причина за тоа е што министерот за внатрешни работи не гласал за уредбата со која беа стопирани изборните дејства – изјави Мицкоски.






Тој додаде дека при првото прогласување на вонредната состојба во земјава опозицијата не била против затоа што се наметнала потреба од одложување на изборите, поради ситуацијата со коронавирусот.

– По не знам кој пат ќе го повторам ставот на нашата партија, а тоа е дека по завршувањето на вонредната состојба, што се очекува да се случи на 30 мај, треба да поминат 60 дена до одржување на изборите, а тоа се совпаѓа со термините што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на изборниот датум, Мицкоски, сепак, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е за компромис, но дека не прифаќа ултиматуми, како што рече, каков што е ултиматумот на Зоран Заев за избори на 21 јуни. Мицкоски вели дека нема информации за дипломатско посредништво за постигнување консензус за изборите.

Поврзани содржини