🎥 УРАГАНОТ МЕЛИСА Е ОГРОМНА ЗАКАНА ЗА КРЕВКАТА ЈАМАЈКА Најсилниот тропски циклон за оваа година веќе однесе 7 животи

Силните ветрови би можеле да предизвикаат целосно уривање на зградите и обемна штета на инфраструктурата, како и долгорочни прекини на електричната енергија.

701

Седум лица загинаа досега во ураганот Мелиса, кој е оценет како најсилниот тропски циклон на Земјата оваа година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Мелиса се приближува кон западниот брег на Јамајка. Три лица загинаа во Јамајка, три на Хаити и едно во Доминиканската Република, каде што уште едно лице е исчезнато.






Министерството за здравство на Јамајка соопшти дека се случиле некои несреќи вклучувајќи падови од покриви и електрични удари.

Јамајканскиот премиер Ендру Холмс ги предупреди жителите дека инфраструктурата на регионот не е способна да издржи бура од категорија 5.

– Сите мора да разберат дека ова не е обична бура. Ова е најголемата закана со која сме се соочиле. Мораме да се подготвиме за најлошото. Буквално се молам на колена за сите да ја сфатат заканата сериозно – изјави премиерот Холнес, додавајќи дека армијата е распоредена за да помогне при евакуацијата.

Според официјалните бројки, 15 лица се повредени, главно во сообраќајни несреќи и додека се обидувале да ги обезбедат своите домови.

Националниот центар за урагани на САД издаде предупредување до Јамајканците додека Мелиса се приближува кон островот.

– Се очекуваат катастрофални поплави и повеќекратни лизгања на земјиштето во текот на денот – се наведува во предупредувањето.

Исто така, се вели дека силните ветрови би можеле да предизвикаат целосно уривање на зградите и обемна штета на инфраструктурата, како и долгорочни прекини на електричната енергија.

Мелиса моментално е ураган од категорија 5 со постојани ветрови од 175 милји на час и централен притисок од 903 милибари, според Националниот центар за урагани на САД.

Бурата се движи бавно кон запад со три милји на час и се очекува да ја погоди Јамајка денеска наутро. Метеоролозите предупредуваат дека силни ветрови, поплави и бранови од бура се неизбежни.

Без оглед на можните флуктуации во јачината на ветерот, експертите велат дека „влијанијата ќе бидат исти“ – катастрофални.

Јамајканските власти му наложија на населението да се евакуира, предупредувајќи дека времето за подготовки за ударот на стихијата „веќе е речиси истечено“. На Јамајка, населението во седум области доби наредба да се евакуира. Сепак, некои луѓе одлучиле да останат. Силата на „Мелиса“ се удвои во текот на викендот.

„Мелиса“ ќе биде најсилниот ураган што ќе го погоди островот од 1851 година, кога почнале мерењата од овој вид. Претходниот најкатастрофален ураган што ја погоди Јамајка беше „Гилберт“ во 1988 година, кој однесе 40 жртви.

Откако ќе ја погоди Јамајка, Мелиса би можела да стигне до Куба вечерва како голем ураган, а потоа да продолжи кон југоисточните Бахами.

Ураганот Мелиса моментално има најсилни ветрови некогаш забележани во 2025 година, а локалните власти низ целиот регион ги предупредуваат жителите да се евакуираат од крајбрежните области и да останат во засолништа додека не помине бурата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamaica Gleaner (@jamaicagleaner)

Поврзани содржини