Ураганот Иота ѝ се заканува на Централна Америка – ќе дува ветер со брзина од 260 километри на час, населението се евакуира
Ураганот му се заканува на делови на Хондурас и Никарагва со обилни дождови и разорни ветришта, како и опасен пораст на нивото на морето, предупредија американските метеоролози.
Ураганот Иота денеска ја достигна највисоката петта категорија, неколку часа, пред да ја погоди Централна Америка.
„Иота е пропратен со ветрови со брзина од 260 километри на час и е опасен по животот на луѓето во Централна Америка“, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) со седиште во Мајами.
Ураганот му се заканува на делови на Хондурас и Никарагва со обилни дождови и разорни ветришта, како и опасен пораст на нивото на морето, предупредија американските метеоролози.
Хондурас, Гватемала и Никарагва почнаа да го евакуираат населението поради ураганот Иота.
Ураганот Иота поминува низ истата рута како и ураганот Ета, која пред околу две седмици ја погоди Централна Америка, при што загинаа повеќе од 200 луѓе, а стотици илјади лица останаа без домови. Ета предизвика голема материјална штета на инфраструктурата. При налетот на Ета настрадаа околу 2,5 милиони луѓе.