📽️УРАГАНОТ ИДАЛИЈА КОСИ И ПОПЛАВУВА ВО ФЛОРИДА 21 милион жители на САД се во тревога

Секоја бура што ќе достигне категорија три се смета за опасен ураган.

297

Ураганот Идалија ја погоди денеска Флорида како „исклучително опасен“, од трета категорија, откако милиони луѓе беа евакуирани или затворени во домови и засолништа во очекување на поплави опасни по живот. Повеќето од 21 милион жители на Флорида и соседните Џорџија и Јужна Каролина се во тревога, а во сите три држави е воведена вонредна состојба.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа пороен дожд и паднати столбови за струја.






„Ураганот Идалија зајакна до категорија четири од максимални пет, пред да ослабне до категорија 3 наутро со ветрови од 201 километар на час“, објави Националниот центар за урагани во Мајами.

Секоја бура што ќе достигне категорија три се смета за опасен ураган.

Едно од видеата е снимено ноќе од пилотска кабина каде невремето им ја попречува работата на пилотите.

 

 

 

 

 

 

 

Засилувајќи се над топлите води на Мексиканскиот Залив, Идалија го погоди северозападниот брег на Флорида со разорни ветрови и поројни врнежи од дожд што можат да предизвикаат поплавен бран висок до пет метри.

Идалија го погоди копното во 7 часот наутро во Китон Бич, крајбрежна заедница од 13 илјади жители на околу 120 километри југоисточно од главниот град Талахаси.

Поврзани содржини