УРАГАНОТ ГРЕЈС ОДНЕСЕ ОСУМ ЖИВОТИ ВО МЕКСИКО Меѓу загинатите има и деца

Грејс во 17 часот по средноевропско време бил 40 километри од Мексико, со ветер кој дувал со 110 километри на час.

563

Ураганот Грејс ослабнал кога стасал на источниот брег на Мексико и се претворил во тропска бура, соопшти Американскиот центар за следење урагани, но сепак однесе најмалку осум животи во државата Веракруз.

Грејс во 17 часот по средноевропско време бил 40 километри од Мексико, со ветер кој дувал со 110 километри на час и се движел со брзина од 20 километри на час.






Во текот на ноќта треба да ослабне во тропска депресија, а во недела ќе исчезне, наведува центарот.

Гувернерот на Веракруз соопштил дека има осум починати, меѓу кои има и деца.

Ураганот урнал покриви, дрвја и имало прекин на електричната енергија.

Поврзани содржини