Ураганот Јанос направи пустош во Грција, сега се движи кон Крит ВИДЕО

481

Метеоролозите предупредуваат дека медитеранскиот ураган Јанос сега ќе се насочи кон островот Крит, откако ја опустоши западна и централна Грција.

Две лица загинаа, а најмалку едно исчезна во бурата што ги опустоши островите во Јонското Море, како и регионот Кефалонија.






– Ги повикувам граѓаните да останат будни додека не помине овој феномен – рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Главната цел сега е да спасиме животи. Сите погодени области ќе ја имаат нашата целосна поддршка, додал тој.

Поврзани содржини