УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ ЈА ДЕМАНТИРА ЛЕВИЦА Што бара затворска полиција на Илинден во Крушево?

Од Управата за извршување на санкциите, која е орган во состав при Министерството за правда, посочуваат дека доколку некој во приватно својство учествува во таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција, како и да се политизира настан кој нема таква позадина.

349

Од Управата велат дека со внимание ги проследиле објавите на медиумите во кои политичката партија „Левица“ бара од министерот за правда Никола Тупанчевски да го разреши директорот на КПУ Затвор Скопје – Филип Андов за наводно ангажирање на припадници на затворската полиција од Затворот Скопје и малтретирање на партиски член  на прославата на државниот празник Илинден.

„Управата ја провери веродостојноста на наводите, и побара информација  од директорот на КПУ Затвор Скопје. Согласно добиените сознанија, Управата за извршување на санкциите демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот кој се случил во Крушево. Припадниците на затворската полиција ги извршуваат своите работни задачи институционално т.е. во казнено-поправните установи каде се вработени и немаат никакви овластувања да постапуваат по ничија наредба надвор од затворскиот систем и поврзано со службените задачи, како и вон работното време. Доколку некој во приватно својство учествува во таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција , како и да се политизира настан кој нема таква позадина“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини