Упорно не носиме маски, упорно плаќаме казни
Веќе неколку дена бројот на казнети граѓани поради неносење заштитни маски е над 800.
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 874 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и
протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19“, се вели во соопштението.
Веќе неколку дена бројот на казнети граѓани поради неносење заштитни маски е над 800.