📽️ УПАДНАА ВО ПАРЛАМЕНТОТ И ГО ЗАПАЛИЈА Хаос на улиците на Катманду, премиерот на Непал поднесе оставка

Стотина демонстранти упаднаа во Парламентот на Непал, улиците на Катманду во пламен, премиерот поднесе оставка.

719

Стотина демонстранти против корупцијата денеска насилно упаднаа во зградата на Парламентот во главниот град Катманду, додека илјадници луѓе продолжуваат да протестираат низ Непал, и покрај воведениот полициски час.

Очевидци јавуваат дека од Парламентот се издигнал густ чад, а делови од објектот биле зафатени од пламен. Во обид да ја смират ситуацијата, специјалните полициски сили користеле солзавец за да ја растераат масата, но се повеќе млади луѓе се приклучуваат на протестите.

 






Протестите ескалираа откако Владата вчера ја блокираше употребата на социјалните мрежи – меѓу нив „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Јутјуб“ – со образложение дека технолошките компании не ги почитувале прописите. Овој потег беше оценет како цензура, бидејќи законот за такво ограничување сè уште не бил усвоен од Парламентот.

Гневните демонстранти претходно го запалија домот на премиерот К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка. Освен тоа, на удар беа и куќите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија Пушпа Камал Дахал, како и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.

 

Со нови пожари и блокади низ главниот град и другите градови, Непал влегува во најтешка политичка криза во последната деценија.

 

📽️ ГО ВЛЕЧЕА МИНИСТЕРОТ НА НЕПАЛ СРЕДЕ УЛИЦА Уште еден инцидент на протестите на младите во земјата

Поврзани содржини