ЏУНО, НОВАТА МУТАЦИЈА НА КОВИД, СЕ ШИРИ СО НЕВИДЕНА БРЗИНА За неколку недели го истисна омикрон и стана доминантна во светот
Лекарите биле шокирани кога откриле дека за речиси еден месец бројот на заразени со овој вид се зголемил за повеќе од 10 пати.
Лекарите биле шокирани кога откриле дека за речиси еден месец бројот на заразени со овој вид се зголемил за повеќе од 10 пати.
Последната мутација на корона вирусот, позната како JN.1 или џуно, произлезе од сојот омикрон и по само неколку недели стана најдоминантната мутација на овој вирус. Овој вид ковид е поопасен бидејќи за разлика од другите се шири со невидена брзина.
Новата мутација брзо стана најдоминантниот вид во светот и тоа за само неколку недели. Од дури 10 видови на ковид, овој е опишан како најзаразен и кој како шумски пожар се шири од едно на друго лице. Сепак, тоа не значи дека е поопасен од другите видови.
Лекарите биле шокирани кога откриле дека за речиси еден месец бројот на заразени со овој вид се зголемил за повеќе од 10 пати. Само 4,3 отсто од луѓето го имале вирусот на 13 декември, а само еден месец подоцна, според податоците од Центарот за контрола на болести во САД, бројот бил поголем од 60 отсто од заразените.
Според нив, постои сомневање дека најмногу луѓе биле заразени за време на божиќните и новогодишните празници. Новиот вид е доминантен и во Велика Британија, каде што сочинува 65 отсто од сите случаи на ковид во земјата.
Видот првпат беше откриен во Луксембург во август, пред да се прошири во Велика Британија, САД и други европски земји.
– Брзиот пораст на инфекциите со варијантата JN.1 во Велика Британија и ширум светот е уште еден потсетник дека пандемијата е далеку од завршена. „Џуно“ е една од варијантите кои досега најмногу го затајуваат имунитетот и најверојатно ќе биде линијата од која ќе се развиваат нови варијанти – вели професорката Лоренс Јанг, вирусолог од Универзитетот во Ворвик.
Јанг рече дека понатамошното мешање во затворен простор и децата кои се враќаат на училиште по зимскиот распуст веројатно ќе го зголеми бројот на случаи во наредните недели.
Варијантата џуно е дел од актуелната „тројна епидемија“ или тридемија на грип и вирусот RSV што предизвикува настинки низ светот. Симптомите на овој вирус може да варираат, но некои од нив се појавуваат почесто кај пациенти инфицирани со мутација џуно.
Научниците досега наведоа осум познати симптоми на новиот вид на вирусот: Воспалено грло
загушување, течење на носот, кашлица, замор, главоболка, болка во мускулите и треска.