УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОДИ ПОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА Советот на Град Скопје изгласа, Арсовска за 7 дена треба да изготви одлука

Оваа иницијатива на СДСМ досега двапати беше на седниците на Советот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ја гласаа, но сега ја прифатија со цел конечно да се заврши реконструкцијата на Универзална сала.

1,166

Проектот за реконструкција на Универзална сала од Град Скопје оди под инегернција на Владата, односно на Министерството за култура.

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура.






Оваа иницијатива на СДСМ досега двапати беше на седниците на Советот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ја гласаа, но ја прифатија иницијативата со цел конечно да се заврши реконструкцијата на Универзална сала.

Сега градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска треба во рок од 7 дена да изготви одлука за предавање на Универзална сала на Министерството за култура.

Универзална сала почна да се реновира во септември 2021, но потоа градежните работи беа прекинати и долго се води спорот околу проектот за реконструкција.

Поврзани содржини