УНИШТЕНИ 87 КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНИ МЕСО И РИБА Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци

Изречените се глоби од 600 до 3.000 евра за правните лица и по 400 и 500 евра за одговорните лица во правните субјекти, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

1,424

На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и за неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.






„Изречените глоби се движат од 600 до 3.000 евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна – месо, замрзнати производи, замрзната риба“, соопшти АХВ.

Поврзани содржини