📸 УНИШТЕН НАЈСОВРЕМЕНИОТ РУСКИ СУХОЈ Украинците тврдат дека погодиле моќен авион на аеродром во Русија
Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни Су-57 стоел недопрен, а веќе следниот ден во неговата околина како последица од пожарот се појавиле кратери од експлозии и траги карактеристичи за пожар, соопшти Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Украина објави дека нејзините сили прво собориле најсовремен руски борбен авион Су-57 на аеродром во Русија.
Според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на 8 јуни на територијата на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област во Русија , кој се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот, бил погоден повеќенаменски ловец Су-57. пренесува Интерфакс Украина.
Во своите тврдења, украинските разузнавачи се повикуваат на сателитски снимки од местото каде што се наоѓал авионот на аеродромот.
„Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни Су-57 стоел недопрен, а веќе следниот ден во неговата околина како последица од пожарот се појавиле кратери од експлозии и траги карактеристичи за пожар“, се вели во соопштението.
„Су-57 е најмодерниот руски ловец. Оштетувањето на Су-57 е прв таков случај во историјата“, додаваат Украинците.
Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација.
‼️ Вперше уражено Су-57
💥 8 червня 2024 року на території аеродрому «ахтубінск» в астраханській області рф, розташованому за 589 кілометрів від лінії бойового зіткнення, уражено багатоцільовий винищувач держави-агресора Су-57.
🔗 https://t.co/vyatL7cBjd pic.twitter.com/8wbopryp4l
— Defence intelligence of Ukraine (@DI_Ukraine) June 9, 2024