УНГАРСКО „НЕ“ ЗА ОБУКА НА ВОЈНИЦИ НА ЕУ ВО УКРАИНА Будимпешта спрема нова сопка за Брисел

Унгарија, исто така, ќе се спротивстави на какви било санкции за увоз на руски енергетски производи, додаде првиот унгарски дипломат на прес-конференцијатапо состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

346

Унгарија нема да се согласи ниту еден дел од мисијата за воена обука на Европската унија да се одвива внатре во Украина, бидејќи тоа ќе ризикува ескалација на војната, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Унгарија, исто така, ќе се спротивстави на какви било санкции за увоз на руски енергетски производи – додаде Сијарто на прес-конференцијата емитувана на Фејсбук од Луксембург по состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, пренесуваат британските медиуми.






Кон средината на март, Унгарија, исто така, одби да го поддржи новиот пакет помош од 20 милијарди евра на ЕУ за Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ја обвини Унгарија дека е единствената земја-членка на ЕУ што го блокира пристапот на Украина во Унијата.

Поврзани содржини