УМРЕ ОД КОРОНА НА ДЕНОТ КОГА ЈА ЗАКАЖА СВАДБАТА Црна Гора тагува по 26-годишно момче од Улцињ
Потврдено е дека делта-сојот влијае на помладата популација. Многу пациенти се на возраст меѓу 19 и 39 години. Апелот е младите да се вакцинираат и да се придржуваат кон мерките, изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д -р Игор Галиќ.
Делта-сојот коси и меѓу младите, а а 26-годишно момче денеска почина токму на денот кога требаше да се ожени со својата животна избраничка, дознава порталот Новости.
-Потврдено е дека делта-сојот влијае на помладата популација. Многу пациенти се на возраст меѓу 19 и 39 години. Апелот е младите да се вакцинираат и да се придржуваат кон мерките – изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д -р Игор Галиќ.
Според податоците на Институтот од 16 септември, вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција коронавирусот во Црна Гора од почетокот на пандемијата до денеска е 1822 луѓе.