📽️ УМИРААТ НА ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ Најмалку 550 аџии загинаа на аџилак

Новите смртни случаи го донесоа вкупниот број пријавени досега од повеќе земји на 577, според извештајот на АФП.

357

Најмалку 550 аџии загинаа на аџилак поради пеколните температури. Од загинатите, најмалку 323 биле Еѓипќани. Повеќето од нив подлегнале на болести поврзани со топлина, изјавија за АФП двајцата арапски дипломати кои ги координираат одговорите на нивните земји, пренесува Гардијан.

„Сите тие (Египќаните) умреа поради жештина“, освен еден кој се здоби со фатални повреди за време на помала гужва на толпата, рече еден од дипломатите, додавајќи дека вкупната бројка доаѓа од болничката мртовечница во населбата Ал-Муаисем во Мека.






Најмалку 60 Јорданци загинаа, рекоа дипломатите, што е повеќе од официјалниот извештај од 41, кој претходно во вторникот го даде Јордан.

Новите смртни случаи го донесоа вкупниот број пријавени досега од повеќе земји на 577, според извештајот на АФП.

Претходно во вторникот, египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека Каиро соработува со саудиските власти во операциите за потрага по Египќаните кои исчезнале за време на хаџот.

Саудиските власти објавија дека лекувале повеќе од 2.000 аџии кои страдаат од топлотен стрес, но не ја ажурирале таа бројка од неделата и не дале информации за жртви.

 

Поврзани содржини