УМА ТУРМАН ОТКРИ МРАЧНА ТАЈНА „Бев тинејџерка, не знаев како да го задржам бебето“ (ФОТО)

Имав 15 години кога започнав да глумам во работна средина во која бев единственото дете во собата. Во доцните тинејџерски години, случајно забременив со многу постар човек. Живеев патувајќи од град во град, далеку од моето семејство. Само што го имав започнато мојот бизнис. Се обидував да сфатам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како?, напиша Турман.

1,406

Познатата глумица Ума Турман реши да проговори за „најтешката одлука во нејзиниот живот“. Турман имала таен абортус кога била тинејџерка, а забременила со постар маж додека глумела во Европа, пишува Нет. Новиот закон во Америка со кој ќе бидат забранети абортусите по шестата недела од бременоста ја предизвика Турман да „распали“ по властите во колумна во „Вашингтон Пост“.

„Имав 15 години кога започнав да глумам во работна средина во која бев единственото дете во собата. Во доцните тинејџерски години, случајно забременив со многу постар човек. Живеев патувајќи од град во град, далеку од моето семејство. Само што го имав започнато мојот бизнис. Се обидував да сфатам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како? “, напиша Ума Турман во колумната и проба да ги вразуми луѓето во врска со знаењето на абортусот.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

Абортусот по шестата недела бременост ќе биде забранет во САД дури и во случаи на инцест или силување. Ума имала среќа кога била тинејџерка, а одлуката за абортусот ја донела заедно со своите родители.

„Јас имам 51 година. Ова беше една од помрачните тајни што ја чував во себе долго време“, рекла актерката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

Ума Турма има две деца со актерот Итан Хок: ќерката Маја и синот Левон. Таа има и ќерка Луна со нејзиниот поранешен вереник Арпад Бусон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uma Thurman (@umathurman)

Споменувајќи го законот во Тексас за забрана на абортус, таа напиша дека се работи за криза на човековите права.

„Овој закон ги дискриминира оние кои се економски загрозени. Исто така сум тажна затоа што според законот граѓаните се спротивставени едни на други, создавајќи нови одмаздници кои ќе ги ловат овие обесправени жени, лишувајќи ги од изборот да немаат деца за кои не можат да се грижат или пак, ја гаси нивната надеж во иднина да создадат семејство кое тие сами ќе го изберат“, заклучи Ума Турман.

Поврзани содржини