УЛТРАМОДЕРНИ СТАНОВИ ВО НОВОТО СРЦЕ НА СКОПЈЕ Претставен новиот концепт на домување – East Gate Living

Цената на становите ќе се движи меѓу 1.250 евра до 1.350 евра по метар квадратен. Инвеститорите велат дека цената ќе зависи од големината на станот, при што поевтин квадрат ќе имаат поголемите станови, како и од нивната местоположба.

3,087

East Gate Living, новиот модерен концепт на домување, беше претставен на денешната неформална средба помеѓу менаџментот на Skopje East Gate и претставници на медиумите.

Конечно, добри вести за сите што се во потрага по клучна промена во начинот на живеење во Скопје. На само 5 минути од центарот на Скопје и истовремено на помалку од 3 минути од парк-шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визионерски проект во изградба позициониран веднаш до East Gate Mall на улицата Беласица, кој во најмала рака ветува коренити промени во начинот на живеење во метрополата.






– Ние не градиме обична градба, празен простор за станување – со East Gate Living ние оформуваме нов начин на живеење, нова перспектива за секого. Секој метар од овој простор е совршено проектиран според сите светски стандарди. Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, овој станбен комплекс е одговор на потребата од нова визија во живеењето и потребата од квалитетен активен живот – изјави Игор Давков, извршен директор на Skopje East Gate.

Давков додава дека East Gate Living е одговорот на потребата од нова визија во живеењето, потребата од квалитетен, активен живот и потребата од широк поглед на природата околу себе.

– Знаеме дека просторот помеѓу зградите е неопходен: нашите блокови се на растојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно: зеленило проектиравме насекаде, а до нас е прекрасната парк-шума Гази Баба – објаснува Давков.

Според проектот вкупната изградена површина ќе биде 250.000 м2, при што е планирана изградба на десет згради со вкупен број на 1.600 станови, како и 1.900 паркинг места на идните станари. Од менаџментот најавуваат дека нема да изостане и зелената површина за која се планирани 25.000 м2.

Бројот на планирани станбени единици во East Gate Living во првата фаза на изградба е 672, а тоа е повеќе од 50% од вкупниот број завршени станови изминатата 2020 година. Токму оваа градежна динамика е во тесна поврзаност со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.

– Една од уникатните карактеристики е чистото опкружување околу зградите и детално планираниот простор, при што паркинзите се лоцирани под зградите на паркинг-простор, кој брои 818 паркинг-места, а дополнително на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 паркинг-места – истакна Давков.

Едни од урбаните „виновници“ за живеењето во East Gate Living во поинаков, модерен такт и динамика се светски познатите и наградувани Yazgan Studio од Анкара, предводени од двоецот Керем Јазган и Бегим Јазган. Проектите на ова студио се познати по својот отворен дизајн на ентериери чиј приоритет е светлина, просторност и премиум материјали.

Првите четири згради ќе имаат висина од П плус 14 ката. Оние од втората фаза ќе бидат П плус 12, а од третата фаза четирите згради исто така ќе бидат во висина П плус 14 ката.

За овие станови има голем интерес, односно како што велат од компанијата, веќе се резервирани 50 стана.

Сите десет згради ќе треба да бидат готови до 2027 година. Во сите згради вкупно ќе има 1.600 станови. Овие згради ги градат четири различни инвеститори, со кои компанијата има партнерски однос.

Цената на становите ќе се движи меѓу 1.250 евра до 1.350 евра по метар квадратен. Инвеститорите велат дека цената ќе зависи од големината на станот, при што поевтин квадрат ќе имаат поголемите станови, како и од нивната местоположба.

Оној што ќе сака да купи стан ќе треба да купи и макар еден паркинг простор, кој ќе чини 7.000 евра.

Изборот на станови ќе биде од помали станови од 42 метри квадратни, па се до дуплекс станови, од 210 метри квадратни.

Граѓаните кои ќе сакат да купат стан во овој комплекс со сигурност се заинтересирани какво ќе биде греењето, за што од менаџментот велат дека становите ќе се загреваат со градското парно. Оттаму додаваат дека становите ќе бидат опремени со смартфон решенија, преку кои всушност ќе може да се управува со сите уреди во станот.

– Врвното шопинг-искуство на ултрапопуларни светски брендови е нешто што е долгоочекувано: до нас е регионалниот гигант East Gate Mall, во кој секое искуство е врвно, неповторливо. Сите вие, сегашни и идни сограѓани, добредојдовте во иднината на урбаното живеење. Живејте во срцето на Скопје, во срцето на урбаната иднина – додава Давков.

Изградбата на East Gate Living, комплексот станбени згради стратешки позиционирани во новото урбано срце на градот, е во тек. Продажбата на станбен простор е веќе започната, а за повеќе информации за цените и предностите за живеење во East Gate Living, посетете ја страницата www.eastgateliving.mk или, пак, нивните профили на Facebook и на Instagram на социјалните мрежи.

East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.

Поврзани содржини