УЛТИМАТУМ ЗА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ВАГНЕР Путин потпиша декрет со кој се бара платениците да бидат верни на Русија

Ова може да се смета како потег за приближување до Кремљ на нестабилните трупи на Вагнер, од кои многумина се вознемирени откако се дозна дека нивниот лидер Евгениј Пригожин, наводно, загинал во авионска несреќа.

2,336

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов декрет со кој се бара платеничките групи, вклучително и групата Вагнер без водачи, да се заколнат на верност на руската држава.

Претседателската извршна наредба стапи на сила вчера и се однесува на платениците, доброволците и сите вклучени во т.н. „специјалната воена операција“  во Украина, пишува SkyNews.






Ова може да се смета како потег за приближување до Кремљ на нестабилните трупи на Вагнер, од кои многумина се вознемирени откако се дозна дека нивниот лидер Евгениј Пригожин, наводно, загинал во авионска несреќа.

Некои видеа на социјалните мрежи покажуваат како војниците на Вагнер се заколнуваат на одмазда на претседателот Путин по смртта на шефот Вагнер.

Поврзани содржини