УЛТИМАТУМ ОД ТРАМП ДО ПУТИН, ПРИМИРЈЕ ДО ПЕТОК ИЛИ САНКЦИИ Специјалниот пратеник Виткоф набргу заминува за Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, нагласи дека Москва досега умешно успева да ги избегне санкциите. Според него, руските власти се снаодливи и добро го познаваат системот, што им овозможува да ги заобиколат ограничувањата.

326

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или в четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.

– Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите. Тие се паметни и се доста добри во избегнувањето на санкциите, па ќе видиме што ќе се случи – им рече Трамп на новинарите пред да се качи на „Ер Форс Уан“ откако го напушти својот голф клуб во Њу Џерси.






Трамп рече и дека е можно некои Американци да добијат некаков вид дивиденда или друга форма на плаќање како резултат на царините за американските трговски партнери.

– Може да има распределба или дивиденда за луѓето во нашата земја, би рекол за луѓето со средни и ниски приходи, би можеле да дадеме дивиденда – рече тој.

Поврзани содржини