УЛИЦИ ПОД ВОДА, ЗАГЛАВЕНИ ВОЗАЧИ Големо невреме и поплави во Њујорк ВИДЕО

Сведоци сме на историски временски случувања со рекорден дожд во градот, со поплави и опасни услови на патиштата, напиша на Твитер градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио.

349

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио прогласи вонредна состојба откако дождот, по торнадото Ида, предизвика поплава во градот. Вонредната состојба е прогласена во државата Њујорк.

Преку твитови, Де Бласио бара од граѓаните да не излегуваат на улиците и наведува дека околу 5.300 домаќинства останале без струја.






„ Сведоци сме на историски временски случувања со рекорден дожд во градот, со поплави и опасни услови на патиштата“, напиша де Бласио.

Градските власти соопштиле дека на улиците на Њујорк може да сообраќаат само возилата за итна помош, поради тешките временски услови кои предизвикале поплави во градот, пренесува   CNN.

„ Во моментов нема информации за критични повреди во Њујорк“, соопштила њујоршката противпожарна служба.

Итната помош ги евакуира луѓето од њујоршкото метро, бидејќи дождот предизвикал таму да продре големо количество вода.

На граѓаните им се советува да не користат метро, чии линии се лимитирани, како и автобускиот сообраќај.

Како што информира CNN, американската тениска асоцијација се обидува со надлежните во Њујорк да организира безбедно заминување на навивачите од УС Опен.

Поврзани содржини