УЛИЦАТА ПРЕД ШКОЛОТО „КИРО ГЛИГОРОВ“ Е ПРООДНА Отстранети се двете паднати дрва
Општина Центар соопшти дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ ги отстраниле двете дрва кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“.
Благодарение на нивната брза реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, соопшти Општината.
Претходно, Општината соопшти дека улицата нема да биде проодна за возила додека не завршат активностите за собирање на остатоците од дрвата.
ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ Е НЕПРООДЕН Се отстрануваат две паднати дрва