УЛИЦАТА Е НА НАРОДОТ, А НЕ НА МИЛИОНЕРИ ИСПЛАШЕНИ ОД ПРАВДАТА Вреди реагираше на заканите на Ахмети

Никогаш не излезе на улица за својот народ. Не прозборе за другарите од идеалот. Не побара правда за жртвите. Но денес, кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите – одеднаш ти текна на улицата?!, реагираат од Вреди на заканите на лидерот на ДУИ.

281

Улицата му припаѓа на народот, а не на милионери кои се плашат од правдата, му возвратија од Вреди на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој се закани дека ако тој и неговата партија излезат на улица, „враќање нема да има“.

Партијата Вреди реагира со соопштение во кое вели дека Ахмети никогаш не излегол на улица за својот народ. Тие ја коментираат изјавата на Ахмети дека ДУИ ќе протестира ако екс-минситерот Крешник Бектеши бидет обвинет за пожарот во Кочани, велејќи дека Ахмети никогаш не излегол на улица за својот народ.






„Никогаш не излезе на улица за својот народ. Не прозборе за другарите од идеалот. Не побара правда за жртвите. Но денес, кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите – одеднаш ти текна на улицата?!“, велат од Вреди.

Во реакацијата до Ахмети партијата порачува:

„Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега, кога системот што си го изгради за себе се руши, Али Ахмети плаче за „улицата”, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста!

Каде беше, Али Ахмети, кога во времето на твоето владеење со Груевски, Албанците се гушеа по затвори?
Кога на нивното име се лепеше етикетата „терорист”? Коганајдобрите момчиња беа убиени, затворени и исчезнувани? Каде беше кога се измислуваше Монструм, кога Сопот беше обвинет за тероризам, кога во Бродец се пролеа албанска крв, кога во Диво Насеље беа искористени за валкани политички сценарија?

ДУИ зборува за „улицата како решение”? Па кој закануваше со „чизмите на таван“? Кој, по наредба на СДСМ, апсеше невини Албанци на улица само затоа што ја бранеа вистината за модуларната болница во Тетово?

Денес, ДУИ се обидува да се претстави како жртва – ама единственото нешто што навистина ги плаши е правдата и гласовите на народот! Тие знаат дека на избори ги чека катастрофа. Затоа шират страв. Затоа повикуваат на бојкот.

Но, нема веќе враќање назад! Народот се разбуди. И овој пат – ни „улицата” нема да го спаси Али Ахмети!“, реагираат од Вреди на заканите на Ахмети.

Поврзани содржини