УКРАЛЕ КАБЛИ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ ВРЕДНИ 15.000 ЕВРА Шестмина крадци продавале бакар, двајца купувачи молчеле

Фирма од Скопје за соларни панели пријавила штета од околу 15.000 евра.

1,003

Фирма од Скопје е оштетена за околу 15.000 евра, откако група од шест лица украла електричен кабел наменет за поврзување на соларни панели, а двајца од Струмица го откупиле украдениот бакар и со тоа го прикриле делото.

Според информациите од СВР Велес, пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство Кавадарци, и тоа против А.А. (26), Ш.А. (30), Е.А. (23), М.А. (22), Р.А. (18) и Г.А. (21), сите од село Марена. Тие се сомничат дека на 22 и 23 ноември 2024 година, на подрачјето викано „Маренски рид“, во близина на селото, со употреба на соодветен алат извршиле тешка кражба, при што одземале електричен кабел наменет за поврзување на соларни панели за производство на струја.






Со кривични пријави се соочуваат и С.В. (37), со привремен престој во Струмица, и А.Ш. (43) од Струмица, кои го откупиле украдениот бакар, а со тоа, како што посочува полицијата, извршиле кривично дело „прикривање“.

Со оваа кражба била предизвикана материјална штета од околу 915.000 денари (околу 15.000 евра) на правно лице од Скопје.

Поврзани содржини