УКРАЛА ПАРИЧНИК ОД ПАЦИЕНТКА ВО БОЛНИЦАТА ВО ТЕТОВО Приведена е 42-годишна жена, ја фатиле „со рацете во медот“

Била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница, информираше полицијата.

1,405

Вчера во 12.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната тетовка П.С., информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Таа била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница. П.С. била задржана во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини