Украинските дресови со мапа на Крим предизвикаа проблеми пред Европското првенство

Репрезентацијата што ја предводи легендарниот Андреј Шевченко ги промовираше новите дресови украсени со мапата на државата која го вклучува и полуостровот Крим, а има и натприс: „Слава на Украина!“

535

Новите дресови на украинските фудбалски репрезентативци на кои е испечатена мапа на анексираниот Крим од Русија, предизвикаа бурни реакции во Москва во пресрет на Европското првенство кое треба да започне за неколку дена, објави Би-Би-Си.

Репрезентацијата што ја предводи легендарниот Андреј Шевченко ги промовираше новите дресови украсени со мапата на државата која го вклучува и полуостровот Крим, а има и натприс: „Слава на Украина!“






И овој слоган предизвика лутина кај Русите, бидејќи токму тие зборови беа скандирани на демонстрациите кои го принудија прорускиот претседател Виктор Јанукович да си поднесе оставка.

„Се надеваме дека мапата на Украина ќе им даде дополнителна сила на нашите фудбалери, бидејќи тие ќе се борат за сите Украинци“, наведено е во соопштението од националната Федерација на Украина.

Поврзани содржини