УКРАИНСКИОТ СУДИР ЌЕ ВИ СЕ ВИДИ КАКО ДЕТСКА ИГРА! Најавите на првиот човек на НАТО ги вознемириja духовите на стариот континент

Унгарскиот министер Сијарто прогласи дека „во Брисел завладеало лудило“, Вучиќ не се сомнева дека ќе видиме „многу, многу мртви“, а Лондон вели дека Европа веќе се наоѓа во необјавена војна, зашто руските терористички напади ги има со стотици.

395

Изјавата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека „Европа е следната цел на Владимир Путин“ предизвика вознемиреност и остра полемика во повеќе европски престолнини.
Унгарската влада денеска го повика Руте „да престане да поттикнува воени тензии“, соопшти министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Во објава на Фејсбук, тој напиша дека последните изјави на Руте се „јасен сигнал дека сите во Брисел се подредиле против мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп“, пренесе МТИ.
„Ако некој сè уште се двоумеше околу тоа дали во Брисел навистина завладеало лудило, можеше да се увери по вчерашниот говор на генералниот секретар на НАТО во Берлин“, додаде унгарскиот министер.
За време на посетата на касарната „Мија Станимировиќ“ во Ниш, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се осврна на предупредувањето за можен судир меѓу Европа и Русија за кое говореше Руте.
– Се разбира, тоа би бил многу поголем воен судир, со десеткратно или уште поголем број жртви отколку во руско-украинскиот конфликт – изјави Вучиќ.
Во Велика Британија, пак, синоќа стигна предупредување земјата да се подготви за можен вооружен судир со Русија. Министерот за вооружени сили, Ал Карнс, рече дека државата е во „воена готовност“ и предупреди дека „сенката на војната стои на европските порти“.

Како што пишува „Дејли мејл“, на отворањето на новата британска Служба за воено-разузнавачка безбедност – служба што треба да ја штити земјата од руска шпионажа и кибер-напади – Карнс рече:
– Сенката на војната тропа на европските врати, а тој воен судир може да биде поголем и покрвав од сè што сме виделе во поново време. Ако ги споредите британските жртви во Ирак и Авганистан, тоа одговара на отприлика една недела од војната во Украина. Доколку прашувате дали Британија е во воена готовност – да, погодивте.






Карнс – поранешен офицер на Кралската морнарица – рече дека Британија лани забележала 50-процентен раст на руските закани и напади. Иако точниот број инциденти е строго доверлив, министерот призна дека ги има „стотици“.

Во Берлин, генералниот секретар Руте ги повика членките на НАТО, вклучувајќи ја и Британија, да преминат на „воен начин на размислување“ и предупреди дека многу земји се „опасно рамнодушни“, без да наведе на кои точно мисли. Руте предвиде дека Европа е „следната цел“ на Владимир Путин, нагласувајќи дека веќе се наоѓаме во зона на ризик.“

Поврзани содржини