УКРАИНСКИ ГЕНЕРАЛ ПРИЗНАВА, РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ Гранатираат и до 800 пати дневно, користат 60.000 парчиња муниција

Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Доњецк. Најинтензивна ситуација сега е на линијата Авдивка-Писки-Маринка, рече Залужни.

1,022

Генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, призна дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но рече дека ситуацијата е под контрола.

– Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана – изјави Залужни по средбата со канадскиот генерал Вејн Доналд Ер.






Залужни додаде дека „непријателот продолжува да напредува по целата линија на фронтот. Во исто време, непријателот секојдневно извршува околу 700-800 гранатирања на нашите позиции, користејќи од 40 до 60.000 парчиња муниција“.

Таа проценка е во согласност со проценките на многу западни аналитичари за количината на муниција што ја користат руските сили, по релативното затишје на почетокот на јули. Последната мапа објавена од британското министерство за одбрана потврдува дека Русите навлегуваат во континенталниот дел на Украина.

 

– Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Доњецк. Најинтензивна ситуација сега е на линијата Авдивка-Писки-Маринка – рече Залужни.

Маринка е борбен фронт западно од Доњецк, долг 25 километри.

Во меѓувреме, се шпекулира дека Украинците го возвраќаат ударот ракетирајќи воени бази на Крим. Вчерашниот ден имаше две вакви експлозии, а Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател, се пофали дека се уништени голем број руски авиони.

Герашенко објави фотографија од сателит на која, како што вели, станува збор за воздухопловната база на Крим каде, наводно, има 24 руски воени авиони од типо 12 SU-24M и 12SU-25CM.

„Ова е слика пред експлозијата. Со нетрпение ја очекуваме онаа од потоа“, напиша тој на Твитер.

Поврзани содржини