УКРАИНСКИ АВИОН НЕ БИЛ КИДНАПИРАН Киев негира дека му недостасува авион

Сите авиони со кои Киев ги евакуирал украинските државјани од Авганистан, безбедно се вратени во Украина, а досега се евакуирани 256 лица на три летови.

427

Информациите кои кружеа низ медиумите за киднапираниот украински авион од главниот град на Авганистан се невистинити, изјави денеска за украинската агенција РБЦ портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

– Ниту еден украински авион не беше киднапиран во Кабул или на кое било друго место. Извештаите за киднапираниот авион што ги пренесоа некои медиуми се невистините – инсистира Николенко, пренесува руската агенција ТАСС.






Според него, сите авиони со кои Киев ги евакуирал украинските државјани од Авганистан, безбедно се вратени во Украина, а досега се евакуирани 256 лица на три летови.

Портпаролот на иранската организација за цивилно воздухопловство, Мохамад Хасан Зибакш, исто така ги негираше информациите за киднапираниот авион.

Тој посочи дека украински авион во понеделникот слетал во иранскиот град Машад, каде наполнил гориво, а потоа продолжил кон Киев, каде што пристигнал во 22:50 часот по локално време.

Претходно, заменик министерот за надворешни работи, Евгениј Јенин, изјави дека неидентификувани вооружени лица го киднапирале украинскиот авион и го пренасочиле кон Иран.

Поврзани содржини