УКРАИНСКАТА ПОБЕДНИЧКА НА ЕВРОВИЗИЈА ПОБЕГНА ОД КИЕВ Се јави од Турција (ВИДЕО)
Џамала ја претставуваше Украина на Евровизија во 2016 година со песната „1944“.
Украинската пејачка Џамала, која победи на Евровизија во 2016 година, по потресното бегство од Украина, најде засолниште со своите деца во Истанбул, Турција.
Џамала ја претставуваше Украина на Евровизија во 2016 година, а со својата песна ја раскажа емотивната историја на своето семејство и ужасите од присилната депортација на кримските Татари од страна на Сталин. Таа сега доживеа слична судбина.
„Русија ја напаѓа мојата земја. Мирните луѓе во украинските градови. За мене ова е глупавост. Потребна ни е поддршка од целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши“, порачала таа.
За време на викендот, Џамал сподели серија емотивни објави на Инстаграм, на кои се гледа како таа и нејзините две деца ја преминуваат границата со Романија без нејзиниот сопруг, кој остана да помогне во одбраната на земјата.
Украинската пејачка по пристигнувањето во Истанбул се јавила во една ТВ-емисија и зборувала за напуштањето на својата земја.
„Оваа ноќ пристигнав во Истанбул кај сестра ми. Решив да го напуштам Киев вечерта на 24 февруари, кога се слушнаа експлозии во близина на мојата куќа. Решивме со децата да одам во западна Украина – во Тернопил, а можеби и во Лавов. Таму. Таму ја поминавме ноќта во едно село со некои луѓе. Размислувавме за тоа да останеме таму и да чекаме извесно време да видиме дали ситуацијата ќе се расчисти“, изјавила пејачката.
Меѓутоа, откако аеродромот во близина на Киев бил заробен, таа одлучила да ја напушти земјата, а засолниште нашла во Истанбул.
– Немам доверба. Дури и во 2016 година, кога отидов на Евровизија со мојата песна „1944“, беше поинаку. Во цела Русија се водеше голема информативна кампања против моето семејство. Сега не се чувствувам безбедно“, додала Џамала.
זמרת על הכוונת | ג’מאלה, זוכת האירוויזיון האוקראינית שנמלטה מארצה בריאיון ל-@mayarachlin: אני לא מרגישה בטוחה גם עכשיו. סימנו אותי, פחדתי שאהפוך למטרה. מצפה מהקהילה הבין-לאומית שלא יהיו אדישים. מודה לאירוויזיון על ההחלטה להדיח את רוסיה מהתחרותhttps://t.co/UtIl7HqwTY#ערבערב pic.twitter.com/TKoyqMBYlm
— כאן חדשות (@kann_news) February 28, 2022
ФОТО: Твитер