УКРАИНСКАТА АРМИЈА БАРА ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РЕГРУТИ Зеленски вели дека тоа би чинело 13,5 милиони долари, наспроти средствата кои се чека да ги одобри ЕУ

Зеленски додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција. Тој денеска изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи и дека ЕУ наскоро ќе го изгласа пакетот со помош вреден 50 милијарди евра.

619

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат уште меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

– Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка – рече Зеленски на прес-конференција.






Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.

– За тоа ќе бидат потребни дополнителни 13,5 милиони долари – рече Зеленски.

Тој изјави дека „никој не знае“ кога ќе заврши војната со Русија и оцени дека Украина би можела побрзо да победи доколку продолжи да се спротивставува.

Зеленски додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција. Тој денеска изрази уверување дека американската и европската поддршка за Украина ќе продолжи.

– Вложуваме многу сериозни напори по ова прашање и сигурен сум дека САД нема да нè предадат – рече украинскиот лидер на својата годишна прес-конференција во Киев.

Средствата за Украина се одложуваат и во САД и во Европската унија поради политички несогласувања.

Зеленски ги изрази своите очекувања дека Европската унија наскоро ќе одобри пакет помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра.

Украинскиот претседател исто така ја отфрли идејата Украина да влезе во НАТО без нејзините територии окупирани од Русија, јави ДПА.

– Украина нема да се согласи на поделен пристап. Не добивме таков предлог од ниту еден од нашите партнери. Исто така, тешко ми е да замислам како тоа би изгледало – изјави денеска Зеленски во Киев.

Тој додаде дека „најсилната безбедносна гаранција за Украина ќе биде нејзиниот пристап во западниот одбранбен сојуз како цела земја“.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, сугерираше дека Украина може да биде прифатена во воениот сојуз дури и ако не ја контролира целата нејзина територија, тврдејќи дека тоа ќе ја одврати Русија од напад на украинска територија.

 

Поврзани содржини