УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕР Отпор има по цела граница, убиени 50 руски окупатори (ВИДЕО)

Советник на украинскиот претседател наведува дека украинската армија им дава отпор на руските сили практично по целата граница со Русија и дека жестоки борби се водат во регионите Суми, Харков, Керсон, Одеса и на воениот аеродром кај Киев.

1,828

На социјалните мрежи се појави видео од рускиот хеликоптер Ка-52 Хокум Б, кој најверојатно присилно слетал откако претрпел штета, наводно северозападно од Киев, пренесува Мондо. Украинците објавија видео од урнатиот хеликоптер, а полициските сили го окупираа авионот. Пилотот и копилотот најверојатно се во бегство.

 






Претходно денеска генералот Валериј Залужни објави извештај од областа каде што се водат конфликти со руската армија.

– Уништени се најмалку шест авиони и два хеликоптери и десетици оклопни возила. Околу 50 руски окупатори беа убиени во близина на Шасти. Ситуацијата во правец на регионот Керсон е тешка, но украинските одбранбени сили му даваат отпор на агресорот – заклучи тој.

Советник на украинскиот претседател наведува дека украинската армија им дава отпор на руските сили практично по целата граница со Русија и дека жестоки борби се водат во регионите Суми, Харков, Керсон, Одеса и на воениот аеродром кај Киев.

Поврзани содржини