📽️ УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА 2 СКАПИ ХЕЛИКОПТЕРИ НА КРИМ Руските „Ми-8“ вредат меѓу 20 и 30 милиони долари

Според соопштението од Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, нападот се случил завчера, 30 август, и бил дел од тековната стратегија за, како што се вели, демилитаризација на полуостровот.

715

Два руски воени хеликоптера „Ми-8“ биле уништени, а еден тежок помошен брод од класата реморкер е оштетен во специјална операција на украинската воена разузнавачка служба на територијата на окупираниот Крим, јави „Украинска правда“.

Според соопштението од Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, нападот се случил завчера, 30 август, и бил дел од тековната стратегија за, како што се вели, демилитаризација на полуостровот.






„’Бук-2190′ во Севастополскиот Залив исто така доживеа мрачен крај. За време на воздушен напад врз руските сили на полуостровот, членови на украинската разузнавачка служба внесоа боева глава во леталото. Демилитаризацијата на привремено окупираниот Крим продолжува!“, се наведува во соопштението.

Од украинската страна нагласиле дека хеликоптерите биле непоправливо оштетени и дека нивната пазарна вредност изнесува меѓу 20 и 30 милиони долари. Службата објави и видео-снимка од акцијата, која моментално се шири на социјалните мрежи.

Во мѓувреме борбите на фронтот продолжуваат. Руските сили тврдат дека навлегле во централниот регион Дњепар и дека полека напредуваат во Харковскиот и во Сумскиот регион.

Поврзани содржини