УКРАИНЦИТЕ МАЛКУ ЌЕ СЕ МАЧАТ СО „ПАТРИОТОТ“ Вашингтон и Москва се договориле системот да биде испорачан без обука од САД

Токму затоа што Американците не сакаат и нема да се борат директно против Русија, „Патриот ќе биде оперативен дури за неколку месеци штом украинските војници ќе ја совладаат оваа технологија, објасни Лавров велејќи дека Русите добиле „обемни објаснувања“ во кои официјални лица ги уверуваа дека немаат такви планови.

1,306

Батеријата од ракетниот систем „Патриот“ која е предвидена со следниот пакет помош од САД за Украина, сепак ќе пристигне во земјата без обучувачи кои би ги учеле Украинците како да го користат. За ваквиот потег Американците ги увериле Русите, затоа што „не сакале директна војна со Русија“. Ова го потврди за рускиот Канал 1 министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе РИА.

– Токму затоа што Американците не сакаат и нема да се борат директно против Русија, „Патриот ќе биде оперативен дури за неколку месеци штом украинските војници ќе ја совладаат оваа технологија – објасни Лавров велејќи дека Русите добиле „обемни објаснувања“ во кои официјални лица ги уверуваа дека немаат такви планови.






На украинските сили ќе им требаат барем неколку месеци за самите да го научат новиот ПВО систем чија испорака за едно со милијарди долари помош беше потврдена кога украинскиот лидер Володимир Зеленски го посети својот колега Џо Бајден во Вашингтон.

1,85 МИЛИЈАРДИ И ЕДНА БАТЕРИЈА „ПАТРИОТ“ Украинскиот претседател за првпат излезе од Украина, Бајден го пречека во Овалната соба

 

Поврзани содржини