„УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ГО НАПАДНАТ ХАРКОВ ПРЕД СРЕДБАТА ТРАМП-ПУТИН“ Захарова тврди дека целта е да се фрли дамка на преговорите

Според наводите, украинските вооружени сили планираат провокативен напад во регионот Харков со употреба на беспилотни летала и ракети врз една од густо населените станбени области или болница со голем број цивилни жртви, „што веднаш би било снимено од увезени западни новинари“.

550

Руското Министерство за одбрана тгврди дека има податоци дека Украина подготвува провокација за да ги попречи руско-американските разговори закажани за 15 август во Енкориџ на Алјаска.

– Криминалните провокации веќе станаа белег на режимот во Киев. Ова веќе стана нивен криминален потпис – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги тврдењата руското МО.






Според наводите, украинските вооружени сили планираат провокативен напад во регионот Харков со употреба на беспилотни летала и ракети врз една од густо населените станбени области или болница со голем број цивилни жртви, „што веднаш би било снимено од увезени западни новинари“.

Киев, тврдат Русите, ќе се обиде да ја префрли одговорноста врз руските вооружени сили со цел да создаде негативна медиумска позадина и услови за попречување на руско-американската соработка за решавање на конфликтот во Украина.

Поврзани содржини