УКРАИНА УДРИ ВО ВНАТРЕШНОСТА НА РУСИЈА Два авиона уништени на аеродромот Саваслејка

Според соопштението на Генералштабот на украинската војска, во ноќта меѓу 8 и 9 јуни, единици од специјалните операции, заедно со други состави на украинските вооружени сили, извршиле напад врз аеродромот Саваслејка.

441

Украинските одбранбени сили изминатата ноќ го нападнале аеродромот Саваслејка во Нижниновгородската област на Руската Федерација, пренесоа денеска украинските медиуми, повикувајќи се на објава од Генералштабот на украинските вооружени сили.

Во соопштението е наведено дека ноќта на 9 јуни, единиците на украинските сили за специјални операции, во соработка со припадници на други родови на украинската војска, го нападнале аеродромот Саваслејка.






Украинската војска денеска соопшти дека во ноќта на нападот онеспособила 2 авиона на рускиот аеродром Саваслејка.

СИРЕНИТЕ ЗАПИШТИЈА НИЗ ЦЕЛА УКРАИНА, РУСИЈА ИЗВРШИ РАКЕТНИ НАПАДИ Полска ги покрена авионите, НАТО на готовс

Поврзани содржини