УКРАИНА РАСПОРЕДУВА СИЛИ НА ГРАНИЦАТА СО МОЛДАВИЈА? Заземање на аеродромот во Кишињев е една од опциите на Путин

Веќе неколку пати кажав дека има неколку сценарија за дестабилизација на Молдавија, а она што го кажа Зеленски е само едно од нив. Молдавија е подготвена за сите предизвици, изјави молдавскиот премиер Дорин Речан.

2,829

Фотографија од украински сили кои тргнале на распоредување на границата со Молдавија објави каналот Вишеград24 на Твитер. Фотографијата не е потврдена во западните медиуми. Откако Путин вчера го укина декретотод 2012 со кој Русија го признаваше суверенитетот на оваа држава, сè повеќе се шпекулира дека Молдавија може да биде следната мета во војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првата цел на Путин е да го освои меѓународниот аеродром во Кишињев.

 






На неговите предупредувачки зборови се надоврза и молдавскиот премиер Дорин Речан:

– Веќе неколку пати кажав дека има неколку сценарија за дестабилизација на Молдавија, а она што го кажа Зеленски е само едно од нив. Молдавија е подготвена за сите предизвици – изјави Речан.

Вчерашното обраќање на Владимир Путин кон руската нација го остави светот зачуден, бидејќи тој најави дека Русија ќе се повлече од договорот „Нов СТАРТ“ со САД со кој се контролира производството на нуклеарни боеви глави. Медиумите низ светот ја протолкуваа неговата изјава како нуклеарна закана.

Денеска руската Дума и официјално го усвои законот за суспензија на учеството на Русија во овој договор.

Поврзани содржини