📽️ УКРАИНА ПОГОДИ 40 РУСКИ АВИОНИ ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ? Операцијата „Пајажина“ била планирана 18 месеци
Операцијата ја спровела украинската служба СБУ, а методот бил речиси шпионски: беспилотните летала биле внесени во Русија, сокриени под покривите на дрвените објекти со вградени механизми за подигнување или монтирани на камиони. На терен, покривите биле дигнати со далечинска команда, овозможувајќи дроновите да полетаат директно до целите.
Украина во неделата, 1 јуни, изврши голем, прецизно планиран напад под кодно име „Пајажина“, кој бил подготвуван повеќе од 18 месеци, пишува „Гардијан“. Нападот доаѓа само часови пред најавените руско-украински преговори кои треба да се одржат на 2 јуни во Истанбул.
Украински функционер за медиумите изјавил дека целата операција била внимателно документирана и проследена со видеоснимки. Ројтерс објавил дека на некои од снимките се забележуваат авиони во пламен, но дека засега нема официјална потврда за вкупната штета.
Ukrainian FPV drones have attacked Olenya and Belaya Airbases in Murmansk and Irkutsk Oblast. Russian TU-95MS strategic bombers are burning.
Russian media reports that the drones were launched from trucks near the airbases. pic.twitter.com/asr4IGlsyj
— AMK Mapping 🇳🇿 (@AMK_Mapping_) June 1, 2025
Според написот со помош на квадрикоптери скриени во дрвени објекти налик на бараки, шверцувани и монтирани до самите руски воздухопловни бази, биле погодени повеќе од 40 воени авиони на четири различни локации во Сибир. Меѓу уништените цели се наоѓале и стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-22, кои Русија ги користела за лансирање крстосувачки ракети кон украинска територија.
Операцијата ја спровела украинската служба СБУ, а методот бил речиси шпионски: беспилотните летала биле внесени во Русија, сокриени под покривите на дрвените објекти со вградени механизми за подигнување или монтирани на камиони. На терен, покривите биле дигнати со далечинска команда, овозможувајќи дроновите да полетаат директно до целите.
Русија реагираше со сопствени напади со дронови врз Украина. Утрото на 1 јуни два моста се срушија и предизвикаа несреќи со воз во кои имаше загинати и повредени. Москва го впери прстот кон Киев велејќи дека се работи за терористички напад.