УКРАИНЕЦ ОСУДЕН НА 11 ГОДИНИ ЗА ПРЕДАВСТВО НА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА Им кажувал на Русите за позициите на украинската војска

Според СБУ, руските сили имале намера „да ги искористат добиените информации за подготовка и извршување на ракетни напади врз Краматорск".

313

Судот во Украина осуди украински државјанин на 11 години затвор поради што на руските трупи им доставувал информации за локациите на засолништата и за позициите на украинските сили, соопшти денеска Украинската служба за безбедност (СБУ).

Осудениот, кој беше уапсен во март, одавал информации за подрачјето околу градот Краматорск во областа Доњецк.






Според СБУ, руските сили имале намера „да ги искористат добиените информации за подготовка и извршување на ракетни напади врз Краматорск”.

На почетокот на овој месец, 15 жители на окупираните делови на регионите Луганск и Доњецк кои „доброволно им се приклучија” на руските војници по 24 февруари беа осудени на 15 години затвор за предавство.

Поврзани содржини