УКРАИНА НАЈАВИ ВЕТО НА ЗАЕМОТ НА ЕУ ЗА УКРАИНА Ќе блокира 90 милијарди евра поради застојот на нафтоводот „Дружба“
Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека украинската влада, во договор со Брисел и со унгарската опозиција, ја уценува Унгарија со блокирање на нафтоводот, за да поскапи нафтата пред избори.
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, објави дека Унгарија ќе го блокира пакетот заем од 90 милијарди евра за Украина сè додека земјата не ги обнови испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Петер Сијарто нагласи дека ова е реакција на унгарската влада на одлуката на Киев да не го обнови протокот на руска нафта во Унгарија, иако, според Сијарто, нема технички пречки за ова.
Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека украинската влада, во договор со Брисел и унгарската опозиција, ја уценува Унгарија со блокирање на нафтоводот со цел да го наруши снабдувањето со енергија и да предизвика нагло зголемување на цените на горивата на пумпите пред парламентарните избори.
– Нема да попуштиме на оваа уцена, нема да ја поддржиме војната во Украина, нема да им платиме на Украинците за војната, нема да дозволиме парите на унгарскиот народ да бидат испратени во Украина и нема да им дозволиме да ја зголемат цената на бензинот – нагласи Сијарто.
Портпаролот на Европската комисија на прес-конференција одговарајќи на прашања поврзани со загриженоста на Унгарија и Словачка, кои преку транспорт од оваа инфраструктура добиваат руска нафта рече дека само Украина може да одлучи дали и кога да се поправи нафтоводот „Дружба“
Портпаролот истакна дека не може да стане збор за вонредна состојба во снабдувањето и нема опасност од недостиг на нафта на краток рок.
– Ги уверуваме граѓаните на Унгарија и Словачка дека постојано работиме за да ja имаат неопходната енергетска безбедност – рече портпаролот.
Европската комисија планира следната недела да ги финализира правните процедури за заемот за Киев од 90 милијарди евра. Европските пратеници на пленарната седница во Стразбур на 11 февруари го одобрија овој заем за периодот 2026-2027 година.
– Истовремено, соработуваме со украинските власти за да овозможиме брза исплата откако ќе заврши законодавниот процес, и подготвуваме финансиска стратегија и услови за тоа финансирање – изјави европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис.