🎥 УКРАИНА ИМА ПОБЕДНИЧКА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА „Тереза и Марија“ е фаворит на обложувалниците

Динамичната песна со карактеристичен украински мелос ја изведуваат Алоња Алоња и Џери Хејл.

266

Украина на годинашниот избор на песна за Евровизија што ќе се одржи во Малме ќе настапи со композицијата „Тереза и Марија“ во изведба на Алоња Алоња и Џери Хејл.

Изборот на песната што ќе ја претставува земјата на Евросонг, познат како Видбир бил снимен од безбедносни причини.






Динамичната песна со карактеристичен украински мелос што ја изведуваат Алоња и Џери ведаш ги освои симпатиите на слушателите и според евровизиските обложувалници, таа е фаворит за победа на годинашното издание на Евросонг.

Поврзани содржини