УКРАИНА ГО СЛАВИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА Марш на Украинците во центарот на Скопје

По повод Денот на независноста на Украина беше поставена и изложба со цртежи од украински деца насловена „Децата на војната“.

81

Денот на независноста на Украина беше одбележан и во Скопје, со марш во центарот на градот организиран од Амбасадата на Украина и од Здружението на Украинците „Лесја Украинка“.

Настанот започна во паркот „Жена борец“, а заврши пред „Алеја на Украина“ каде што беше интонирана украинската химна, по што пред присутните се обратија Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.






– Украинците вторпат по ред го слават Денот на Независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Украинците денеска го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет, како и универзалните човечки вредности, односно оние начела и морални принципи кои помагаат да се хармонизира постоењето на луѓето – амбасадорката на Украина, Лариса Дир.

Украинската амбасадорка во Македонија посочи дека секоја одлука поврзана со помагање на Украинците е од витално значење.

-Сакам да нагласам дека Украина и Украинците плаќаат многу висока цена – животот. Затоа, секоја одлука поврзана со помагање на Украинците е од витално значење за нас, ни овозможува да преживееме, да се бориме, да се браниме и да се заштитиме – рече Дир.

По повод Денот на независноста на Украина беше поставена и изложба со цртежи од украински деца насловена „Децата на војната“.

Поврзани содржини